Search

Барселона не знае да победува во Минхен

Барселона  во последнот коло од групата Е во елитното клупско фудбалско натпреаврување Лигата на шампионите ќе игра натпревар да се биде или не со бундеслигашот Баерн Минхен. Теренот во Минхен каде ќе гостува петкратниот европски првак Барселона е најмалерозен, што дополнително психолошки го оптоварува тимот на новиот тренер Чави Ернандез, кој ќе има и императив да победи или да не загуби, но да чека и поволни вести од пресметката на вториот меч во групата во Лисабон каде Бенфика го пречекува украибнскиот Динамо Киев.

Баерн има максимален скор од пет победи во петте одиграни кола од ЛШ и се сигурни патници во осминафиналето.

Барселона никогаш во историјата не успеала да го победи Баерн во Минхен, без разлика дали станува збор за натпревари на Олимпискиот стадион или во поновата историја на Алијанц арената. Не го победи ни во историската сезона 2015/16 кога на домашен терен славеше со 3-0, во Минхен имаше водство од 2-1 и на крајот загуби со 2-3. Пораз или реми на утрешниот натпревар  во Минхен за Барселона најверојатно ќе значи преселба во Лигата Европа, освен ако Динамо Киев не приреди сензација и да одигра за Барса во Лисабон.
Треба да знаете
Последни објави