Search

Барселона може за здивне, Суарез ќе се врати на теренот за решавачките мечеви од сезоната

Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона кој вчера соопшти дека поради повреда и хирушка интервенција во наредните шест месеци нема да може да смета на Осман Дембеле, денеска испраќа позитивни сигнали за своите симаптизери. Шпанските медиуми објавуваат информација дека уругавајскиот интеранционалец Луис Суарез кој заработи повреда на коленото има забрзана  рехабилитира. Тој побрзо од очекуваното ги фрли патерици и се движи без помагала. По оваа информација Барселона може да здивне, бидејќи најавите беа дека сезоната за Суарез е завршена. Ако Суарез продолжи со ова темпо на рехабилитација, напаѓчот би можел да се појави во тимот од „Камп Ноу“ за решавачките натпревари од сезоната и да им помогне на своите соиграчи сепак да стигнат до поскауваните трофеи.

Ако Барселона стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите во април, Суарез ќе биде подготвен да помогне, а ќе може да се мстеа на неговите услуги и во последните четири натпревари од шпанската Примера кои може да бидат клучни во борбата за одбрана на титулата во националниот шампионат.

Треба да знаете
Последни објави