Search

Барселона и Манчестер јунајтед со тренерска „шок“ терапија продолжуваат во ЛШ

По тринеделната пауза поради репрезентативните обврски, денеска и утре продолжуваат возбудувањата од елитното клупскао натпреварување на евро-сцената со натпреварите од 5. коло во групите во Лигата на шампионите. Вечерва се играат мечевите по два од Е до Х групата.

Шпанската Барселона и англискиот Манчестер јунајтед направија „шок“ терапија со нови тренери на клупите. Како ќе влијаат ваквите потези на тимовите ќе треба да покажат на теренот.

Барселона на „Камп Ноу“  ја пречекува португалската Бенфика со желба да и се реваншира за убедливата победа во првата меѓусебна пресметка од групата Е од 3:0. Покрај желбата за реванш Барселона ќе има мотив да се докаже и пред тренерот Чави Ернандез на кого ќе му биде прв натпревар во елитното клупско натпреварување. Барселона не смее да си дозволи вечерва да направат кикс, па само триумф ќе ги остави во битката за нокаут-фазата. Доколку Барселона слави против Бенфика, тогаш нема да треба да ја решаваат својата судбина во последното коло против Баерн Минхен.

Исклучително важен натпревар  го очекува и англискиот Манчестер јунајтед на гостувањето во Шпанија кај Вилјареал која во првата средба на „Олд Трафорд“ ја скрши со резултатски (2:1) пресврт за кој се погриж Кристијано Роналдо во судиското продолжение.  Вилјареал и Манчлестер јунајтед во групата Ф се ко-лидери со по седум совоени бода од четири натпревари,  но се далеку од сигурни бидејќи Аталаната заостанува два бида и е во игра за едно од водечките две места кои водата во нокаут-фазата. Манчестер јунајтед на овој натпреавр како вршител на должноста тренер ќе го предводи Мајкл Керик, донеодамнешен асистен во стручниот штаб на Оле Гунар Солскјер кој доби отказ.

Двојки за вечерва: Вилјареал – Мначестер јунајтед (18.45 ч.) Динамо Киев – Баерн Минхен (18.45 ч.), Малме – Зенит (21 ч.),  Јанг Бојс – Аталанта (21 ч.), ЛОСЦ – Салцбург (21 ч.), Севилја – Волфсбург  (21 .), Челзи – Јувентус (21 ч,) , Барселона – Бенфика (21 ч.).

Треба да знаете
Последни објави