Search

Барселона го проценува Кутињо на 90 милиони евра

Раководството на шпанскиот фудбалски шампион Барселона го процени играчот од средниот ред Филипе Кутињо на 90 милиони евра, објави „Sport.es”.

Според изворот, каталонскиот клуб е подготвен да се раздели со 27-годишниот Бразилец токму за оваа сума.

Каталонците немаат намера да ја намалат цената, затоа што сакаат да избегнат финансиски загуби.

За Кутињо се заинтересирани неколку клубови во Премиерлигата кои сакаат да го изнајмат фудбалерот. Барселона е подготвена да го пушти играчот, но со задолжителен откуп.

Кутињо ја поминува сезоната 2019/20 на позајмица во Баерн, која има можност да го откупи неговиот договор за 120 милиони евра, но германскиот клуб не планира да ја активира оваа опција.

Бразилецот настапи на 32 натпревари за екипата од Минхен, постигна девет голови и осум асистенции.

Треба да знаете
Последни објави