Search

Барселона го продава Ракитиќ за 55 милиони евра

Шпанскиот шампион Барселона го продава Иван Ракитиќ, извонредниот хрватски фудбалер за врска кој веќе пет години е дел од каталонската гордост, па медиумите во Шпанија објавија дека на „Камп Ноу“ веќе ја одредиле цената за својот фудбалер – 55 милиони евра.

Ракитиќ веќе подолго време се поврзува со заминување од Барселона, особено откако Каталонците го купија суперталентираниот Френки де Јонг од Ајакс за 75 милиони евра. Тренерот Ернесто Валверде сака да го задржи Ракитиќ сооглед на долгата и напорна сезона, особено со уште позгуснат распоред поради Евро 2020 идното лето (првенствата треба да завршат порано), но од раководството на клубот добил насока дека Хрватот за поволна понуда може да биде продаден.

Ракитиќ се поврзуваше лани со Интер, па и годинава постоеја само шпекулации дека „нерагурите“ го сакаат во своите редови. Нема да биде изненадување ако и Милан, поради Звонимир Бобан се вклучи во трката и пред се ПСЖ.

Сега останува да се види дали некој ќе ги даде тие 55 милиони или Ракитиќ и сеознава ќе си остане на „Камп Ноу“.

Треба да знаете
Последни објави