Search

Барселона гостува на „Џузепе Меаца“, Ајакс го чека Наполи

По репрезентативната пауза се враќа на фудбалската Лигата на шампионите. Вечерва ќе се одиграат натпреварите од третото коло, во групите А, Б, Ц и Д. Дербито е на „Џузепе Меаца“, каде Интер ќе ја пречека Барселона.

Интер е во криза, има три порази на последните четири натпревари, за разлика од Барселона која без проблеми победува во Примера. Можно е вечерашниот натпревар да биде последен за Симоне Инзаги на клупата на Интер.

Голем хендикеп за Интер ќе биде неиграњето на Марсело Брозовиќ. Проблеми со ростерот има и Барселона, натпреварот ќе го порпушта Роналд Араухо и Жил Кунде.

Група А:
Ајакс-Наполи
Ливерпул-Ренџерс

Табела: Наполи 6 бода, Ливерпул 3, Ајакс 3, Ренџерс без бода.

Група Б:

Клуб Брж-Атлетико Мадрид
Порто-Баерр Леверкузен

Табела: Клуб Бриж 6, Атлетико 3, Баер 3, Порто без бодови.

Група Ц:
Интер-Барселона
Баерн Минхен-Викторија Плзен

Табела: Баерн 6, Барселона 3, Интер 3, Викторија без бодови.

Група Д:
Ајнтрахт-Тотенхем
Марсеј-Спортинг

Табела: Спортинг 6, Тотенхем 3, Ајнтрахт 3, Марсеј без бодови.

Натпреварите Баерн-Викторија и Марсеј- Спортинг ќе започнат во 18.45 часот, сите останати дуели се играат во стандардниот термин од 21 час.

Треба да знаете
Последни објави