Search

Барса чека кикс на Реал за неизвесен финиш во Ла Лига

Барселона со тирумфот над Еспањол (1:0) му се одближи на Реал Мадрид на само еден чекор во трката за шампионската титула и чека кикс на лутиот ривал за да влезе во неизвесна завршница за одбрана на шампионската титула. „Кралевите“ од Мадрид треба утре ќе го одработат мечот од 35. коло во кое го пречекуваат како фаворити Алавес и имаат прилика на три кола пред крајот да влезат во завршницата со четири бода предност пред лутиот ривал.

Избраниците на тренерот Зинедин Зидан победија на сите натпревари од продолжението на сезоната по принудната пауза поради коронавирусот и ја презедоа лидерската позиција од Барселона. Затоа Реал според обложувалницте е фаворит за освојување на титулата.

Двете екипи во последните три кола имаат по две гостувања и еден меча пред своите гледачи.

Еве го распоредот до крајот на Реал мадрид и Барселона:

36. коло

Ваљадолид – Барселона

Гранада – Реал Мадрид

37.коло

Реал Мадрид – Виљареал

Барселона – Осасуна

38. коло

Алавес – Барселона

Леганес – Реал Мадрид

 

Треба да знаете
Последни објави