Search

Барса отфрлиле понуда од Интер за Видал

Барселона одби понуда на Интер за Артуро Видал, според шпанското издание „Мундо Депортиво”.

Италијанскиот тим понудил да го изнајми Чилеанецот до крајот на сезоната со постојана опција за трансфер, но таквото сценарио не им одговара на Каталонците и тие претпочитаат да се разделат целосно со халфот.

За време на кампањата, играчот од средниот ред одигра 33 натпревари за екипата и успеа да му помогне на „лос кулес” да ја одбранат титулата во Ла Лига.

Сепак, Ернесто Валверде е подготвен да го жртвува при добра понуда.

Треба да знаете
Последни објави