Search

Барса нокаутирана од Реал на „Камп Ноу“

Фудбалерите на Реал Мадрид на најдобар начин се рехабилитираа по двата последователни порази во Ла Лига и Лигата на шампионите обезбедувајќи голема победа на „Камп Ноу“ против лутиот ривал Барселона со 3:1. Идентичен беше и последниот супех кој мадриѓани го имаа на овој стадион во меч од Супер Купот на Шпанија во 2017 година.

Почетокот на денешното „Ел Класико“ беше фуриозен, Реал прв поведе преку Валверде, но веќе во 8. минута Барселона израмни со погокот на Ансу Фати.

При резултат 1-1 Меси промаши зицер кога од седум метри не успеа да го совлада Куртоа, додека на спротивната страна Нето го запре обидот на Бензема.

Кутињо ја промаши најубавата шанса на Барселона за водство во вториот дел, по што клучен момент за победата на гостите се чини беше пеналот во 63. минута. По прегледувањето на ситуацијата преку ВАР кога Ленгле го повлече Рамос за дрес, судијата покажа на белата точка, а капитенот на „кралевите“ го матираше Нето за предност од 2:1.

По овој гол Барселона како да се распадна. Реал пропушти две идеални шанси за да зголеми на 3:1, но Нето ја одржуваше Барса во живиот.

Куман се реши за тотална офанзива во завршницата, во игра влегоа Гризман, Дембеле и Тринкао, но Барса не постигна втор гол, а Нето спречи и трета радост на „кралевите“ со двојната интервенција по обидите на Тони Крос и извонредната одбрана при шутот на Серхио Рамос. Токму голманот Нето беше трагичар во 90. минута, кога по една негова несмасна интервенција топката стигна до Модриќ, кој маестрално се снајде и ја смести во мрежата на Барса.

За Барса ова беше втор вториот пораз во серија во Ла Лига, за зголемување на притисокот врз холандскиот стратег уште на самиот старт на сезонава.

Треба да знаете
Последни објави