Search

Барса не победи, Куман ќе добие отказ, изборот за наследник паднал на Чави

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона не успеа да го победи како гостин и Кадиз (0:0) во синоќешниот меч од 6. коло во Ла Лига, што дополнително ги разбранува духовите на „Камп Ноу“. Тренерот Роналд Куман е прв на тапет и на излезната врата кај Барселона која му го подготвила отказот. Холандскиот фудбалски стратег е се по фрустриран од настаните во и околу тимот, па тоа го демонстрирал и на теренот против Кадиз кога во финишот од мечот заработи и црвен картон. По натпреварот не сакал многу да зборува за неговиот статус во Барселона.

„Мундо Депортиво“ пишува дека  претседателот Жоан Лапорта го загубил трпението со Куман. Покрај за лошите резултати, Лапорта е лут и поради испадите на тренерот во јавност и поради тоа сака да стави крај на соработката.

Како нов тренер на Барселона се споменува легендарниот фудбалер Чави Ернандез, кој во моментов работи во Катар.

Треба да знаете
Последни објави