Search

Барса и Сетиен потпишаа договор со посебна клаузула

Новиот тренер на шпанскиот фудбалски првак Барселона Кике Сетиен ќе може да остане на жешкото столче на „Камп Ноу“ две и пол години, ако ги постигнува посакуваните резултати. Договорот што раковдството на Барселона го потпиша со Сетиен откако одлучи да му врачи отказ на сега веќе поранешниот стратег Ернесто Валверде, има посебна клаузула кога може да се раскине без да се плаќаат пенали.

Договорот му дава можност на раководството на Барселона предвреме да го прекине по само шест месеци на крајот од тековната сезона, а може да се продолжува уште на двапшати по една година. За да се истера до крајот треба двете страни се задоволни од постигнатите резултати. Што значи ако нема резултатите според очекувањата на клубот, Барселона ќе може да се раздели со Сетиен предвреме без да плати отштета.

Треба да знаете
Последни објави