Search

Барса го доби дербито со Валенсија, еврогол на Фати

Хозе Гаја постигна еврогол за Валенсија во петтата минута и само ја налути Барселона, која победи со пресврт со 3:1 во дербито на Шпанија.

На „Камп Ноу“ дербито почна со убав погодок на шпанскиот репрезентативец од Валенсија, но многу брзо Ансу Фати постигна сличен гол за 1:1.

Дербито беше одлично, а и двете екипи имаа шанси за нов погодок, што сепак го постигнаа домаќините. По фаулот над Ансу Фати судијата Манзано досуди пенал за Барселона, а прецизен беше Мемфис Депај во 41. минута.

Возбудливо беше и во второто полувреме, што и припадна на Барселона, а конечно по една година пауза гол посѕтигна Кутињо. Бразилецот од лесна позиција погоди во 85. минута за конечна победа на Каталонците од 3:1.

Треба да знаете
Последни објави