Search

Баровите и ноќните клубови во Рејкјавик нема да работат четири дена

Баровите и ноќните клубови во главниот град на Исланд, Рејкјавик, ќе бидат затворени четири дена, соопштија денеска властите. Одлуката е донесена откако 58 од 59 случаи на коронавирус регистрирани во земјата се регистрирани во главниот град заклучно со понеделникот, објави „Гардијан”.

Најмалку четвртина од случаите биле поврзани со барови и ноќни клубови во центарот на градот, додека други случаи биле откриени на два универзитета во главниот град.

– Важно е да се одговори што е можно побрзо со насочени мерки за да се спречи генерализирана епидемија со последици, рече главниот епидемиолог Торолфур Гуднасон во писмото до министерот за здравство.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот на Исланд, пријавени се 2.230 случаи на Ковид-19 и 10 смртни случаи.

Вчера беа регистрирани 21 нов случај во земјава, најголем број заразени за еден ден во повеќе од пет месеци. 

Треба да знаете
Последни објави