Search

Барние: Ковид-19 за кратко ги суспендира преговорите за Брегзит

Разговорите меѓу делегациите на Брисел и Лондон за Брегзит се суспендирани затоа што еден член на делегацијата на ЕУ бил позитивен на Ковид-19, изјави попладнево главниот преговарач на ЕУ во разговорите за идните односи со Велика Британија, Мишел Барние.

„Еден од членовите на мојот тим за преговори беше позитивен на Ковид-19. Во консултација со британскиот преговарач, Дејвид Фрост, решивме за кратко да ги прекинеме преговорите на наше ниво”, напиша Барние на Твитер.

Барние додава дека тимовите ќе продолжат со преговорите со почитување на сите протоколи.

Последните денови во Брисел се шпекулираше дека е можно до крајот на месецот да се постигне договор меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи.

Дипломатите на ЕУ, истовремено, наведуваат дека до крајот на преодниот рок, што истекува на 31 декември, е предоцна да се постигне договор и тој потоа да се ратификува во парламентите .

Треба да знаете
Последни објави