Search

Барзани: Турција нема проблем со Курдите во Сирија, само со ПКК

Барзани ова го кажа на панел дискусија во Центарот за блискоисточни истражувања во Ербил,  во северен Ирак.

Претседателот на Ирачки Курдистан посочи дека е согласен со погледите на Анкара дека сириската курдска милиција – Сили за заштита на народот (СЗН) претставуваат закана и за локалните Курди кои живеат во Сирија. Според него, СЗН се обидува да се легитимира, користејќи ги сириските Курди, информира БТА.
Турција на 9 октомври ја почна воената операција „Извор на мирот” во североисточна Сирија против Силите за заштита на народот, кои од Анкара се третирани како терористичка организација и сирискиот  разгранок на нелегалната Курдска работничка партија (ПКК).
Треба да знаете
Последни објави