Search

Барел нафта падна помалку од 100 долари

Глобалните цени на нафтата денеска паднаа во опсег од три до три и пол проценти, па барел нафта од типот „брент“ моментално чини помалку од 100 долари, што е првпат од 25 април.
Нешто после 16:00 часот цената на нафтата Брент за испорака во септември е 99,45 долари, а за август 96,03 долари, пренесе Срна.
Цените на горивата на пумпите ширум светот се во пораст во последните неколку месеци, а во многу земји се ограничени со владините регулативи.

Треба да знаете
Последни објави