Search

Барди: Ќе покажеме дека резултатот во Грузија не беше реален

Македонската фудбалска репрезентација создава гол-шанси, но малку користи на натпреварите од Лигата на нации. Во двомечот против Грузија која го обезбеди првото место во групата со триумфот над Македонија во Тбилиси, „црвено-жолтите“ примија пет, а не постигнаа ниту еден гол. Токму ваквиот епилог го потенцираше Енис Барди пред утрешниот дуел (20.45 ч.) со Бугарија во Скопје со напомена дека многу важно ќе биде „разбудат“ голгетерите.

– Беше тешко да се прифати поразот од Грузија со оглед играта која ја прикажавме. Сепак, фудбалот се игра за резултат и не е добро кога ќе загубиш. Имаме уште една шанса за докажување, тоа е утрешниот меч со Бугарија. Да покажеме дека резултатот од Грузија не беше реален, да извлечеме три бода и позитивен резултат. Имаме многу нови играчи, потребно е адаптација на младите и мора да бидеме трпеливи. Ќе дојде нашиот момент. Како што гледам, сите даваат голови за своите клубови, но тука топката едноставно не не сака. Потребна е поддршка за фудбалери како Ристовски и Миовски, сметам дека оваа генерација е добра и не чекаат големи работи како колектив – порача Барди.

Треба да знаете
Последни објави