Search

Барајте нов апарат ако ви продадат неисправен, или се расипе во гаранција

Доколку купите неисправен апарат за домаќинство, бела техника или мобилен телефон и ви се расипе, можете веднаш да побарате од продавачот да ви даде нов. Веќе не сте должни три пати да го поправате, и дури потоа да се „пазарите“ за друг. Европската унија донесе директива со која им наложува на трговците дека доколку купувачот сака нов производ наместо стариот поправен, тоа и да го направат.

-Ако потрошувачите купат неисправна бела техника, комјутери или мобилни телефони, сега тие ќе можат да избираат меѓу бесплатна поправка или замена. Во моментов оваа одлука се донесува од страна на трговецот во зависност од видот на дефектот и потребните средства и време за поправка. Во скоро сите земји од ЕУ до сега трговците на мало ги поправаа апаратите, иако се во гарантен рок. На ваков начин ја одолговлекуваа постаката бидејќи помалку ги чини- велат во Европската комисија. Но сегашната нова Директива предвидува избор на потрошувачот. Директивата стапува на сила за кратко и со неа треба да се направат промени во поглед на новите правила договорени од Европскиот парламент при купување неисправен производ.

Во Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека до сега кај нас важеше старата директива, но ќе мора да се направи усогласување.

Во моментов Европа прави истражувања за да се докаже дали производителите намерно го програмират рокот на траење на апаратите. Според нашиот закон за Заштита на потрошувачи купувачот добива нов производ ако три пати се расипе додека трае гаранцијата или ако нема резервни делови за него додека е во гарантен рок- вели Маријана Лончар, претседател на Организацијата. Според нашиот закон трговците се обврзани најмалку пет години откако е произведен моделот на одреден апарат да има резервни делови, но не помалку од две години по истек на гаранција. Затоа кога купувате обавезно прашајте кога е произведен тој модел бидејќи кај нас најчесто има застарени модели за кои резервни делови нема секогаш.

Претседателот на Комисијата за заштита на потрошувачите во Бугарија, Димитар Маргаритов дека другата промена на директивата е поврзана со моментот на докажување на причината на дефектот.

Според сегашното законодавство, во првите шест месеци од купувањето на апаратот, се претпоставуваше дека одговорноста за дефект лежи кај трговецот, а по тоа кај тој што го купил. Со сегашните промени за дефетот за цела гаранција задолжен е трговецот. Со стапувањето во сила на новите прописи, трговците ќе бидат оние кои ќе треба да докажуваат дека одреден дефект се должи на нешто различно од нормалните услови на експлоатација на апаратот од страна на тој што го купил- вели Маргаритов.

Тој е категоричен и вели дека со новите правила, ако имаме неисправен производ, повеќе избор ќе има потрошувачот што да прави, а не трговецот.

“Една од најважните работи е потрошувачите да инсистираат трговецот да ја впише оваа рекламација во регистар кој тој е должен да води”, – вели Маргаритов.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави