Search

Банка во Сингапур евакуира 300 вработени поради коронавирусот

Сингапурската банка ДБС денеска испратила околу 300 вработени во центарот на градот  да работат од дома, откако еден од вработените е заразен со коронавирусот.
ДБС во соопштение наведува дека утрово биле известени дека е потврдено дека еден вработен е заразен и дека поради претпазливост им рекле на сите вработени кои работат на истиот кат да работат од дома.

Сингапурското Министерство за здравство потврди 47 случаи на вирусот, што е најголем број на заразени надвор од Кина.

„Во моментов испитуваме со кого имал контакт заразениот“, соопшти банката.

Вирусот натера многу градови во Кина да воведат карантин, остави илјадници патници на бродови и принуди многу влади во регионот да воведат ограничување на патувањата.

Со новиот тип на коронавирусот (COVID-19) во светот вкупно се заразени повеќе од 45.000 луѓе, а починаа 1.116.

Треба да знаете
Последни објави