Search

Балотели „поцрвени” по само седум минути откако влезе на теренот

Контроверзниот италијански фудбалер и член на Бреша, Марио Балотели беше исклучен по само седум минути од влегувањето во игра на денешниот натпревар со Каљари во 20. коло од Серија А.

Ова е 13. црвен картон за „Супер Марио” во неговата кариера.

Во 81. минута, 29-годишниот Балотели доби жолт картон за фаул над еден противнички играч, протестираше кај судијата, по што доби и втор жолт, што автоматски значеше црвен картон.

Балотели е еден од двајцата играчи од најдобрите пет лиги во Европа, заедно со Гемерсон од Монако, кои се исклучувани во секоја од последните четири сезони.

Треба да знаете
Последни објави