Search

Балашевиќ со два стента после инфарктот во петокот

Ѓорѓе Балашевиќ (66) доживеа инфаркт во петокот.После ова бил опериран и му вградиле два стента. Балашевиќ ќе биде во болница неколку дена бидејќи ова е стандардна процедура за вакви операции. „Добро ја поднесе операцијата, се чувствува добро, на интензивна нега е и забранети се посети“, изјавил извор за „Блиц“.

Ѓорѓе Балашевиќ успешно закрепнува откако завчера беше опериран на Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Митровица, а сега по овој повод се огласила и неговата ќерка Јована, пишува српски „Блиц“.

Јована Балашевиќ им се заблагодарила на сите на грижата и на пораките со поддршка и порачала дека нејзиниот татко сега се чувствува добро.

„Им благодарам на сите на пораките со поддршка и на убавите мисли. Тато е добро“, напишала Јована на Инстаграм.

За сите што прашуваат како е мојот татко… Тој порачува дека можеби дури и ќе се бори на мегдан како што се чувствува“, напишал Алекса Балашевиќ покрај фотографијата на својот татко кој боксува.

Треба да знаете
Последни објави