Search

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите на социјалните мрежи. Блиц.рс пишува дека пејачот имал срцев удар и во моментов е во Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, каде бил хоспитализиран.

„Почитувани жители на Крагуевац и останатата екипа којашто  вечерва би дошла на концертот … Жал ми е што ве известувам дека вечерашниот концерт е одложен … Животот понекогаш прави планови без нас и очекува да го разбереме тоа … Здравјето е во секој случај е она што е најважно“, напиша неговата ќерка.

„Голе вели дека ќе донесе лекарско оправдување ако е потребно, но јас се сомневам дека тоа ќе го побарате. Сè ќе биде во ред за неколку дена, па продолжуваме понатака… Ве молиме за разбирање и трпение, ќе го објавиме точниот датум на новиот концерт за неколку дена, сè додека сè не си дојде на свое место. Наши сме си “, додаде таа

Треба да знаете
Последни објави