Search

Балаков ја презеде репрезентацијата на Бугарија

Красимир Балаков е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија, објавија медиумите во оваа земја. На кормилото на националниот тим 53 годишниот тренер го наследи Петар Хубчев, кој функцијата ја извршуваше од 2016 година.

Балаков од 2018 година е тренер во бугарскиот прволигаш Велико Тарново. Во кариерата работел и во Грасхоперс, Сент Гален, Черноморец, Хајдук од Сплит, Кајзерслаутерн и Литекс од Ловеч.

Красимир Балаков е дел од најславната генерација на бугарскиот фудбал, која на СП во 1994 година во САД го освои четвртото место.

Бугарија лошо стартуваше во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Во А-групата, по две кола Бугарите имаат два бода.

На кормилото на репрезентацијата Балаков ќе дебитира на 7 јуни против Чешка во Прага.

Треба да знаете
Последни објави