Search

Балаге: Нејмар се согласи да зема 15 милиони евра помалку во Барселона

Тешко е да се каже со сигурност зошто вездата на Пари Сен Жермен – Нејмар толку очајно сака да ја напушти Франција и зошто тој толку сака да се врати во Барселона.

Но, според новинарот Гиљем Балаге, Бразилецот се согласил со сите услови што Каталонците му ги поставиле, само повторно да го облече „црвено-синиот” дрес. Вклучувајќи и огромно намалување на платата.

Според шпанскиот новинар, напаѓачот се согласил да ја намали својата годишна плата за 15 милиони евра, што е мало богатство. Така, наместо 38-те милиони што ги собра во Париз, sвездата на „Камп Ноу” ќе игра за 23 милиони.

Ова е чудно со оглед на фактот дека друг шпански гигант, Реал Мадрид, се шпекулира дека му понудил на Бразилецот 40 милиони евра годишна плата.

Треба да знаете
Последни објави