Search

Базенот Карпош затворен поради дефект во системите за греење

Поради сериозен дефект во системите за греење, пливачкиот базен нема да биде отворен за користење од денеска – ова е пораката до граѓаните и пливачките клубови која стои на влезот од врата на базенот Карпош во Скопје.

Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ вели дека енергетската криза не е причина за затворање на базенот туку дефект на системот за греење, за кого што се чека дел од Турција и уверува дека истиот ќе биде ставен во функција за две недели. Ист ваков проблем имале и пред 4 месеци и се сомневаат дека е предизвикано од  прекини во електричното напојување.

Директорот тврди дека базенот не го затвориле поради високите сметки за струја кои вели им се четирикратно зголемени.

Треба да знаете
Последни објави