Search

Баерн ја прегази Борусија, Левандовски испиша историја

Дербито на германскиот фудбалски шампионат помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд им припадна на баварците кои го прегазија ривалот со 4:0. Полјакот Роберт Левандовски постигна два гола против својот поранешен клуб, и стана првиот фудбалер во историјата на Бундеслигата кој постигнал голови во 11 натпревари едноподруго.

Левандовски има 16 голови сезонава, а сите други играчи на Баерн заедно имаат помалку, што е доказ колкава е зависноста од неговите погодоци. Баварците сега имаат еден бод помалку од лидерот Борусија Менхенгладбах, но и еден меч повеќе.

Треба да знаете
Последни објави