Search

Баерн убедлив против Келн, гол првенец за Кутињо

Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа тимот на Келн со 4:0 во натпревар од петтото коло на Бундеслигата, откако во претходното коло ремизираа 1:1 на гости кај РБ Лајпциг.

Шампионот уште од самиот старт на мечот најави лесен триумф, откако по само три минути игра Левандовски погоди за 1:0. До крајот на првиот дел избраниците на Ковач имаа уште низа на шанси за поубедлива позитива, но на одмор се замина со активниот резултат.

Левандовски по само 180 секунди повторно погоди, а подоцна од пенал прецизен беше Кутињо, постигнувајќи го деби-голот за новиот тим. Бразилецот во 73. минута му асистираше на Перишиќ за конечни 4:0.

Фудбалерите на Баер Леверкузен брзо го заборавија високиот пораз од Борусија Дортмунд пред една седмица и со сигурни 2-0 против Унион Берлин им се вратија на победите во домашниот шампионат. Стрелци на головите за „фармацевтите“ беа Воланд и Аларио уште во првиот дел од мечот.

Од попладневната програма на Бундеслигата, три бода собра уште и екипата на Харта (победа над Аугсбург од 2-1), додека Фрајбург и Падерборн одиграа 1-1.

Треба да знаете
Последни објави