Search

Баерн стигна до заработка од 100 милиони евра по групната фаза во ЛШ

Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен не е на висина на својата задача во одбраната на титулата во бундеслигашката конкуренција, но затоа пак има беспрекорен настап во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите каде групната фаза ја заврши единствен во осумте групи со максимален учинок од шест победи и гол разлика 24-5 . Ваквите резултати според пресметките на германските медиуми на Баерн веќе му донеоса рекордна заработувачка во ова натпреаврување од 74,1 милион евра.

Овие пари Баерн ги зарабтил само од настапот во групите и бонусите за освоените бодови и постигнати голови. Кога ќе се придодадат и парите од маркетингот, германските медиуми  најавуваат дека тимот од „Алијан Арената“ ќе ја надмин заработката од 100 милиони евра. Ова се пресметките направени за скорото во групната фаза, а ако ги минуваа нокаут-рундите и стигнат до финалето, во касата ќе им се слеат уште десетици милиони.

Секој учесник во ЛШ за настапот имаше загарантирани 15,25 милиони евра. Баерн од коефициентот доби дополнителни 33,240 милиони, а за победите во групата уште 16,2 милиони. Пласманот во осминафиналето носи 9,2 милиони. Севкупно 74,19 милиони евра му се пресеметани на Баерн.  Германија е еден од најголемите пазари во Европа, па затоа ќе нивниот фудбалки првак ќе има и голем дел од маркетинг колачот во кој се вклучени ТВ-правата. Тамошните медиуми наведуваат  дека без разлика какви резултати Баерн ќе бележи во нокаут-фазта си има обезбедено заработувачка од 100 милиони.

Последниот европски шампион англискиот Ливерпил во изминатата сезона заработи 100 милиони евра, а претходната сезона Реал Мадрид до европската круна стигна со заработка од 88,65 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави