Search

Баерн се пофали со Перишиќ

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен денеска се пофали дека го комплетирал трансферот на хрватскиот интеранционалец Иван Перишиќ, кој пристигна на едногодишна позајмица од редовите на италјанскиот Интер. Бундеслигашот идното лето ќе има можност целосно да го откупи договорот на Перишиќ со Интер.

Перишиќ е повратник во Бундеслигата. Пред да замине во Интер во 2015 година, настапуваше во редовите на Волфсбург.

„Среќен сум што се враќам во Германија. Баерн е еден од најголемите клубови и мило ми е што сум тука. Сакам да освоиме многу трофеи, не само Бундеслигата, туку и Лигата на шампиони“, порача Перишиќ на својата промоција.

Треба да знаете
Последни објави