Search

Баерн сака да го донесе Мане

Минхенски Баерн планира да го донесе во своите редови напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане (30), јавија денеска германските медиуми.

Мане има договор со Ливерпул до лето 2023 година, а преговорите за продолжување на соработката се одвиваат тешко, особено бидејќи премиерлигашот повеќе е фокусиран кон потпишување нов договор со Мохамед Салах.

Според информациите во медиумите, Мане е фрустриран од целата ситуација, а Баерн се обидува да го искористи моментот и да се засили со сенегалскиот напаѓач за следната сезона.

Германските медиуми објавија дека спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, минатиот викенд имал средба со менаџерот на Мане, но оти сè уште нема директен контакт меѓу двете клупски раководства.

Треба да знаете
Последни објави