Search

Баерн објави трансфер на играч од ПСЖ

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен го потврди трансферот на младиот Танги Куази, кој доаѓа како слободен играч од редовите на францускиот Пари Сен Жермен. Французинот кој има само 18 години игра како централен дефанзивец, висок е 187 см и потпиша договор за 4 сезони.

Фудбалерот е дете на „светците“ и го забележа своето деби во професионалниот фудбал минатиот декември. За целата сезона учествуваше на 6 натпревари, но одлучи дека нема да добие шанса да се развие и избра да не го обновува договорот.

Во Минхен, сепак, сите чекаат објава за трансферот на Лерој Сане од Манчестер сити. Според „Билд”, договорот е факт, а членот на германската репрезентација ќе чини 60 милиони евра

Треба да знаете
Последни објави