Search

Баерн не го пушта Левандовски

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, изјави денеска оти клубот не сака да ја отвори вратата за заминување на полскиот голгетер Роберт Левандовски, иако во германскиот шампион од Ливерпул доаѓа сенегалскиот напаѓач Садио Мане.

Левандовски претходно неколку пати објави дека сака да го напушти Баерн и да се пресели во Барселона.

– Нашиот став по тоа прашање е јасен. Левандовски има договор со нас до лето 2023 година, изјави Салихамиџиќ за „Спорт Билд”.

Салихамиџиќ ја отфрли можноста да дозволи трансфер на Левандовски дури и во случај Барселона да понуди значително повисок износ за полскиот репрезентативец.

– Не се занимаваме со тоа прашање. Го очекуваме Роберт на првиот тренинг на 12 јули, порача Салихамиџиќ.

Треба да знаете
Последни објави