Search

Баерн може да си го врати Емре Џан

Емре Џан може да се врати во клубот каде ја започна кариерата-Баерн Минхен.

Играчот од средниот ред на Јувентус нема да добие голема шанса да се покаже во тимот од Торино оваа сезона, бидејќи „бјанконерите” имаат неколку играчи пред него во изборот за тимот.

Италијанскиот шампион не успеа да ги продаде Сами Кедира и Блеиз Матуиди, а Германецот (25)импресионираше за време на подготовките и ќе се потпира на него.

Баерн и Париз Сен Жермен упатиле барање за Џан, а Маурисио Сари е подготвен да се раздели со него.

Сега, сепак, Јуве има премногу играчи во центарот на теренот и едвај чека да се раздели со некои од нив. Покрај Кедира и Матуиди, во составот се и новодојдените Арон Ремзи и Адриен Рабио, како и Пјаниќ и Бентанкур.

Треба да знаете
Последни објави