Search

Баерн Минхен со четири гола го победи Келн

– Рутинска победа на Баерн Минхен над Келн со 4:1 во 22. коло во германската Бундеслига за враќање на врвот на табелата што на 24 часа го држеше Лајпциг и продолжување на походот за одбрана на титулата.
За доминантноста на Баварците говори фактот дека по само 12 минути играа имаа убедливи 3:0. Првиот гол го постигна Роберт Левандовски во третата минута, а само две минути подоцна во листата на стрелци за запипа и Кингсли Коман. Серж Гнабри во 12-та минута и во 66-та минута ја комплетира 14. победа на Баерн М. во сезоната.
Бундеслига, 22 коло: Келн – Баерн Минхен 1:4, Фортуна Дизелдорф – Борусија Менхенгладбах 1:4, Унион Берлин – Баер Леверкузен 2:3, Лајпциг – Вердер 3:0, Падерборн – Херта 1:2, Хофенхајм – Волфсбург 2:3, Аугсбург – Фрајбург 1:1, Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт 4:0.
Табела: Баерн Минхен 46, Лајпциг 45, Борусија Дортмунд 42, Борусија Менхенгладбах 42 (-1), Баер Леверкузен 40, Шалке 35 (-1), итн.
Треба да знаете
Последни објави