Search

Баерн и Јувентус први осминафиналисти во ЛШ

Баерн и Јувентус се првите екипи кои обезбедија пласман во нокаут фазата во Лигата на шампиони, откако славеа против Олимпијакос со 2:0 и 1:2 против Динамо Москва.

Германскиот првак Баерн Минхен со триумф ја почна ерата по заминувањето на Нико Ковач и го продолжи максималниот ефект во групата Б. Баварскиот тим има максимални 12 бода на врвот на табелата.

Роберт Левандовски во 69.минута го отвори резултатот, а Иван Перишиќ дваесет минути подоцна го постави конечниот епилог на дуелот.

Идентично како и Баерн, така и актуелниот шампион на Италија, екипата на Јувентус, се пласираше меѓу 16. најдобри со победата во последните секунди на гостувањето во Русија, против Локомотив Москва (1:2). По двата погодока кои беа постигнати по само 13 минути, прво погоди Арон Рамзи во 4. минута, а потоа на 1:1 израмни Миранчук, Јувентус сепак дојде до значајна победа во последните секунди од натпреварот, со погодок на Даглас Коста.

Треба да знаете
Последни објави