Search

Баерн им се заблагодари на Рибери, Робен и на Рафиња

Пред почетокот на натпреварот од последното, 34. коло на шампионатот на Германија меѓу Баерн и Ајнтрахт, навивачите и клубот од Минхен им се заблагодарија на Френк Рибери, Арјен Робен и Рафиња, кои ќе го напуштат клубот по завршувањето на сезоната.

За време на загревањето, на екранот беа прикажани незаборавни видеа, со учество на секој од играчите. Публиката ги поздрави со овации.

Исто така, навивачите на Баерн подготвија колоритни перформанси во чест на Рибери и Робен. Претставниците на менаџментот на клубот им доделија признанија на сите тројца играчи.
За потсетување, Рибери е во Баерн од 2007 година, Робен – од 2009 година, додека Рафина игра за германскиот великан од 2011 година.

Треба да знаете
Последни објави