Search

Бадникова поворка низ струшките улици

Со пеење на песната „Вечниот бог”, најмалите стружани денеска прошетаа низ улиците во градот носејќи макета од пештерата во која се родил Исус Христос и го најавија  Христовото раѓање.

Бадниковата поворка тргнаа од пред црквата „Свети Ѓорѓи”, а дечињата со ѕвезди и ѕвончиња поминаа низ улиците во централното градско подрачје, движејќи се по кејот на реката Црн Дрим и низ Чаршијата најавувајќи ја големата радост. Поворката заврши во храмот од кај што тргнаа, каде беа послужени со топло чајче и посни колачиња, а добија и пакетчиња.

Децата велат дека се среќни што можат да учествуваат во поворката и пеејќи ја „Вечниот Бог” да внесат радост во православните семејства. И повозразсните стружани изразија задоволство што се негува традицијата во градот и им се пренесува на најмалите.

Во Струга не беше изоставена ниту коледарската традиција. Дечињата рано утринава одеа во домовите каде беа дарувани со посни колачиња, пари, бонбони, овошје…

Треба да знаете
Последни објави