Search

Багремов цвет – и храни и лекува

Чајот од багремов цвет се користи и за ублажување на затворот, додека есенцијата од самиот цвет пронашла голема примена во хомеопатијата.

Хомеопатите најчесто го препорачуваат за лечење на прекумерна секреција на хлороводородна киселина во желудникот, мигрена и болна невралгија на нервите на лицето (невралгија trigeminus).

Багремов мед е меѓу најценетите видови на мед. Со месеци останува во течна состојба и многу пополека се кристализира, затоа што содржи повеќе фруктоза од гликоза. Благ е и има пријатен вкус, лесно се вари, па се препорачува за деца и за оздравување на оние кои страдаат од слаб имунитет.

Багремовиот цвет може да ја надополни и трпезата. Варените семиња од багремовиот цвет може да го заменат гравот, додека пржените цвеќиња од багремот претставуваат вистински специјалитет.

Дневно три чаши: Чај од исушени цветови од багрем се подготвуваат на следниов начин: една полна лажица додате во 250 ml врела вода и оставете ја да отстои три минути. Пијте две или три чаши чај дневно. Во народната медицина чај од цвет од багрем се препорачува и за сузбивање на ревматска болка, забоболка, а ефикасно делува и во случај на жиговина, гастритис и чир на желудникот.

Треба да знаете
Последни објави