Search

Бабунски преговара за преселба во полскиот Пјаст Гливице

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Давид Бабунски на кого му заврши догворот со јапонскиот тим Омија Ардиџа е во преговор за преселба во редовите на полскиот шампион Пјаст Гливице, објави полски „Призеглад Спортови“.

Бабунски беше капитен „златната младинска генерација“ на Македонија, која како тим до 21 година први настапи на завршница од ЕП 2017, токму во Полска. Играчот од средниот ред Бабунски ја мина школата на Барселона, беше дел и до Б-тимот на „Камп Ноу“ по што замина во српскиот шампион  Црвена звезда од каде се пресели во Јапонија, прво во Јокохама Маринос, а потоа во Омија Ардиџа.

 

Треба да знаете
Последни објави