Search

Бабовски :  Исплатени 30 отсто повисоки субвенции за фармерите кои го зголемиле сточниот фонд во споредба со претходната година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 7.101 субјекти исплати 27.069 000 денари. Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемиле основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства. Оваа мерка се исплаќа по прв пат и беше Владино ветување, се со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија.  Зголемена субвенција ги следува сите фармери кои земале субвенција за :

директни плаќања за грла говеда

директни плаќања за обележани грла на овци

директни плаќања за грла кози

директни плаќања за женски приплодни грла на маторици

директни плаќања за презимени пчелини семејства

Сите фармери кои земале средства по овие мерки и за разлика од претходната година го зголемиле бројот на основното стадо, добиваат дополнителна субвенција од 30 % за секое грло за кое е зголемено стадото во споредба со претходната година. Преку оваа Мерка се овозможува поттикнување на развојот на домашното сточарство, преку зголемување на основните стада. Со зголемување на добиточниот фонд во државата се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед. Со зголемувањето на домашните производи од животинско потекло, се обезбедува поефтина суровина која е важен инпут во индустријата за преработка на месо, млеко и мед. Со обезбедување на суровина од  домашно призводство за индустријата се поставува фундамент за креирање на додадена вредност на домашните земјоделски производи со што се овозможува зголемување на Бруто домашниот производ кој има директно влијание и на растот на домашната економија.

 

Треба да знаете
Последни објави