Search

Бабиќ: Немавме среќа, навивачите покажаа страст и љубов кон Пелистер

„Пелистерци“ славеа на вечерашниот реванш против Нексе со 24-22, но сепак не успеаја да се пласираат во четвртфиналето поради поразот од три гола разлика на првиот меч во Хрватска.

Жељко Бабиќ не успеа да го внесе Пелистер меѓу осумте најдобри екипи во СЕХА-лигата, но хрватскиот стратег е убеден дека тој и неговите ракометари ќе извлечат поука од неуспехот во двомечот со Нексе, за што подобро да се подготват за предизвикот во плејофот од македонскиот шампионат.

„Честитки за Нексе, овој тим имаше повеќе среќа кога се решаваше победникот. Јас сум горд на своите момци, на клубот, одигравме одличен натпревар. Мислам дека ништо не загубивме, туку видовме што треба да поправиме за максимално подготвени да го дочекаме плејофот во македонската лига. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за страста и љубовта што ја покажаа кон Пелистер. Пред нас е период на напорна работа, но верувам дека во иднина ќе остваруваме уште подобри резултати“, изјави Бабиќ.

Хрвоје Хорват, стратегот на Нексе не го криеше задоволството од големиот успех, но спортски призна дека во четвртфиналето се пласираше посреќната екипа.

Треба да знаете
Последни објави