Search

Бабиш: Лидерите на ЕУ треба да разговараат за Ковид-19

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави денеска дека лидерите на ЕУ треба да разговараат за недостатоците во соработката во текот на пандемијата на Ковид-19.

Тој истакна дека лидерите на ЕУ заборавиле да ја стават најважната тема на дневен ред на самитот, а тоа е коронавирусот, додавајќи дека соработката меѓу епидемиолозите и министрите за здравство не функционира.

– Сега мојата земја се соочува со втор бран. Ние бевме едни од најдобрите за време на првиот бран, но сега секако сме во поинаква ситуација и не сакаме никако да ја затвориме економијата, нагласи Бабиш по пристигнувањето во Брисел.

Треба да знаете
Последни објави