Search

Баба палела трева, па ја запалила шталата на соседот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава  против С.А.(79) од село Дорфулија, општина Лозово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 17.02.2019 година  околу 14.00 часот во село Дорфулија, во дворот од нејзината куќа пријавената запалила сува трева, при што огнот се проширил на штала на Ј.Ш., во која имало добиточна храна и други предмети, кои изгореле во пожарот.

Треба да знаете
Последни објави