Search

Бабата на бебето кое почина во Швајцарија си заминала од Инфективна позитивна на Ковид

Бабата на десетмесечното бебе што почина во Швајцарија, ја напуштила Инфективна клиника на свое барање, таа е позитивна на Ковид и е на домашно лекување, потврди за НОВА, министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот изјави дека таа не сакала да го прими и Решението за самоизолација, па морала да интервенира полицијата.

„Во однос на бабата на бебето кое на барање на родителите беше пратено во Швајцарија, на свое барање сакала да си оди од болница. Констатирано е од докторите дека може да замине на домашно лекување, има уште еден таков пациент кој заминал дома во текот на викендот. На тој пациент веднаш му е дадено Решение за сомоизолација, а првата пациентка практично, не сакала да даде податоци. Најдена е со асистенција на МВР после еден ден и анкетата, прашалникот укажал дека немала контакти, според нејзиното кажување. Значи, во нејзина близина никој нема добиено дополнително решение за самоизолација, освен самата пациентка која што е сега на домашно лекување“, изјави министерот Филипче.

Според информациите до кои дојде НОВА, таа од клиниката си заминала во саботата, неизлекувана, а тестот кој и бил земен повторно се покажал позитиве. Но бабата не го ни чекала, се потпишала и си отишла дома. Нема информации со кого си заминала од клиниката, некој ја земал од таму.

Поради тоа што не одговарала на телефонските повици и никој не отворал на адресата каде што живее, била побарана асистенција од МВР, по што еден ден подоцна, во неделата и било доставено Решение за самоизолација. Во епидемилошката анкета не дала никакви податоци од луѓе со кои контактирала, а дали ќе ја почитува самоизолација треба да контролира полицијата.

Извори од клиниката посочуваат дека бабата во тие неколку дена престој плачела, викала, инсистирала по секоја цена да си оди дома што фактички било невозможно да ја задржат на лекување. Таа имала лесна клиничка слика.

Бабата на Инфективната клиника беше хоспитализирана во понеделникот попладне, а вечерта нејзиното внуче, дестмесечното бебе кое имаше швајцарско државјанство со специјален авион беше пренесено во Швајцарија каде што по два дена почина. Швајцарските здравствени власти на прес конференција информираа за прва смрт на дете со Ковид(заразено во странство) и укажаа дека починало од можни компликации од инфекција на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави