Search

Ањели: Глупо е да не размислуваме за Гвардиола, но Јувентус е задоволен од Сари

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели ја пофали работата на Маурицио Сари и ги коментираше гласините дека клубот сакал да го назначи Пеп Гвардиола на тренерското место.

– Првата половина од сезоната беше добра, со исклучок на натпреварот за италијанскиот Суперкуп. Сари ги исполнува очекувањата, а има и несоодветна критика за него. Го ангажиравме него, бидејќи во тоа време неговиот модел на игра може да ни гарантира успех. Статистиката вели дека не секогаш победуваме, но исправноста на нашите идеи не е доведена во прашање. Што се однесува до Гвардиола, да не се размислува за него е глупаво, но засега, Пеп е среќен на друго место. И да е слободен во текот на летото, ние сме задоволни од Сари, потенцира Ањели.

Јувентус по 25 кола е прв во Серија А, но не така убедливо како изминатите години. Тимот од Торино има 60 бода, еден повеќе од второпласираниот Лацио и шест од Интер кој има и натпревар помалку.

Треба да знаете
Последни објави