Search

Ања Тејлор-Џој не може да ја сокрие среќата по освоениот „Златен глобус“

Таа го доби својот прв „Златен глобус“  во неделата вечерта за нејзината волшебна изведба на шахистка во хит серијата „Дамски гамбит“ (The Queen’s Gambit) во продукција на „Нетфликс“.

24-годишната Ања Тејлор Џој  ја освои наградата за најдобра актерка во мини-серија.

А, еден ден потоа, папараците ја забележаа младата Ања во Лос Анџелес видно расположена и среќна.

Во серијата – насловена по шаховско отворање – актерката ја глуми Елизабет Хармон, харизматична генијална девојка која влегува во светот на шахот каде што доминираат мажите.

Треба да знаете
Последни објави