Search

Ајрленд Болдвин го користи летото до максимум

Атрактивната манекенка актерка, ќерка на поранешниот холивудски пар Алек Болдвин и Ким Бесинџер, помина прекрасен ден на плажата „Ла ла ленд“ (La La Land) во Малибу, Калифорнија, со своето момче Кори Харпер, пријателите и домашното милениче, симпатичниот јазовичар.

Болдвин (24) и нејзиното момче Харпер (25) го донесоа кучето во вода на лекција за сурфање. Тие редовно одат на познатата плажа, особено кога има бранови за да сурфаат.

Расата јазовичар (Daschund) е многу популарна кај селебрити-личностите, според „Пипл“, кој наброи неколку звезди кои поседуваат вакви домашни миленичиња, како на пример Кајли Џенер, комичарот Џери Сајнфилд, пејачката Адел и други.

Треба да знаете
Последни објави