Search

Ајкула во близината на Мадагаскар изела британски турист

Британскиот државјанин исчезнал минатиот викенд, а раката била пронајдена за време на обдукција, откако ајкулата била убиена, бидејќи претставувала опасност за луѓето кои пливале околу островот .Во утробата на тигреста ајкула долга повеќе од три метри е пронајдена раката на британски турист. На раката уште се наоѓала бурмата на покојниот, која неговата вдовица ја препознала. Уште се чека на резултатите од ДНК анализата за да може без никакво сомневање да се потврди идентитетот на жртвата.
Настраданиот, 44-годишен од Шкотска, со сопругата летувал на францускиот остров Реунион, источно од Мадагаскар, а исчезнал за време на пливање. Неговата жена го пријавила исчезнувањето и била покрената истрага откако таа приметила дека тој не излегол од водата. Во потрагата биле вклучени и нуркачи и кучиња трагачи, но за жал немало никакви резултати. Британскиот државјанин исчезнал минатиот викенд, а раката била пронајдена за време на обдукција, откако ајкулата била убиена, бидејќи претставувала опасност за луѓето кои пливале околу островот.
Фамилијата на настраданиот изјавила дека тој е добар пливач, но уште не е познато дали прво се удавил или веднаш го изела ајкулата.

Треба да знаете
Последни објави