Search

Ајде Мицкоски повикај ги пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување поднесено од СДСМ

Редно е Христијан Мицкоски јавно да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување поднесено од СДСМ. Затоа што со автентичното толкување во Собранието на членот 11 од Законот за помилување се  спречуваат обидите на остатоците од режимот и сваровски судството за избегнување на правдата и се затвораат  целосно прашањата со незаконската аболиција на Ѓорге Иванов. СДСМ била и останува на страната на  правдата.

Jавноста знае дека срамната и незаконска аболиција на Иванов е производ на ВМРО-ДПМНЕ, јавноста знае дека оваа партија никогаш не се изјасни против и силно ја бранеше кога граѓаните протестираа на улиците. Очигледно е и дека зад случувањата диригирани од остатоците на „заробената држава” во судството, заедно со последните најави од Уставниот суд, стои ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи попречување на правдата и опструкции на правниот систем.

Треба да знаете
Последни објави