Search

Ајакс заработи богатство на Де Лигт и веднаш му најде замена

Ајакс минатата недела за 85,5 милиони евра го продаде фантастичниот стопер Матијс де Лигт на Јувентус и веќе му најде замена.

Челниците на клубот од Амстердам засилувањето го најдоа во Мексико, поточно кај прволигашот Клуб Америка.

Станува збор за Едсон Алварез кој дојде во Амстердам со отшета од 15 милиони евра и потпиша петгодишен договор.

Алварез неодамна играше за репрезентацијата на Мексико на Голд купот кој и го освоија. Дваесет и едногодишниот дефанзивец има одиграно 107 натпревари за Клуб Америка, а за репрезентацијата настапил 28 пати.
Едсон Алварез е петтото засилување на Ајакс летово, откако претходно стигнаа Квинси Промес, Лисандро Мартинез, Разван Марин и Лисандро Магалан.
Треба да знаете
Последни објави